9 Немој да им се клањаш и немој да им служиш,+ зашто јас, Јехова, сум твојот Бог, Бог кој бара да му се покажува оддаденост само нему.*+ За престапите на татковците ги казнувам синовите на оние што ме мразат, и до третото и до четвртото колено,+
6 нека ни бидат предадени седум луѓе од неговите синови+ за да ги изложиме јавно нивните тела+ пред Јехова во Гаваја+ Саулова, градот на Јеховиниот избраник“.+ Тогаш царот рече: „Ќе ви ги предадам“.
29 „Виде ли како се понизи Ахав пред мене?+ Затоа што се понизи пред мене, нема да му ја нанесам таа неволја додека е тој жив.+ Неволјата ќе му ја нанесам на неговиот дом во деновите на неговиот син“.+
35 за да падне врз вас сета праведна крв пролеана на земјата,+ од крвта на праведниот+ Авел+ до крвта на Захарија, синот на Варахија, кого го убивте меѓу светилиштето и жртвеникот.+