31 Не обраќајте им се на оние што повикуваат духови+ и не прашувајте ги за совет оние што претскажуваат настани,+ за да не станете нечисти поради нив. Јас сум Јехова, вашиот Бог.
6 Ако некоја душа им се обрати на оние што повикуваат духови+ или на претскажувачи на настани,+ постапувајќи со тоа неверно кон мене,* ќе се свртам против таа душа и ќе ја погубам, и така ќе ја отстранам од нејзиниот народ.+
8 А страшливците, безверните,+ валканите,+ убијците,+ блудниците,+ гаталците,* идолопоклониците+ и сите лажливци+ ќе завршат во езерото што гори со оган+ и сулфур.+ Тоа ја претставува втората смрт“.+