6 Тогаш Исус Навин си ја раскина облеката и падна ничкум+ на земја пред Јеховиниот ковчег, па тој и старешините на Израел останаа така сѐ до вечерта, посипувајќи си ги главите со прав.+
19 А Тамара си ја посипа главата со пепел+ и ја раскина долгата ригеста кошула што ја имаше на себе. Си ја покри главата+ со рацете и замина оттаму плачејќи гласно по патот.
32 Кога Давид дојде на врвот на планината, каде што народот му се поклонуваше на Бог, во пресрет му дојде Архиецот+ Хусај,+ со раскината облека и со глава посипана со прав.+
12 А кога ги подигнаа очите оддалеку, не го препознаа веднаш. Потоа заплакаа колку што ги држеше гласот, па секој ја раскина својата наметка+ и фрлаше прав кон небото, врз својата глава.+