21 Тогаш цар Седекија издаде заповед, па го ставија Еремија в затвор во Стражарскиот Двор.+ Таму секој ден добиваше по еден тркалезен леб од пекарската улица,+ сѐ додека не снема леб во градот.+ Така Еремија остана во Стражарскиот Двор.+
2 „Вака вели Јехова: ‚Кој ќе остане во овој град, ќе загине од меч,+ од глад+ и од помор.+ А кој ќе излезе пред Халдејците, ќе остане жив и ќе ја добие својата душа како плен и ќе биде жив‘.+
12 Третина од вас ќе изумре од помор+ и ќе изгине од глад сред тебе.+ Другата третина ќе падне од меч насекаде околу тебе. Преостанатата третина ќе ја распрснам на сите страни,+ и ќе го испратам својот меч по нив.+
21 „Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Така ќе биде кога ќе се извршат моите четири погубни пресуди+ — меч, глад, опасни ѕверови и помор+ — кои ќе ги испратам врз Ерусалим за да ги истребам од него луѓето и стоката.+