3 тогаш Јехова, твојот Бог, ќе го врати твојот заробен народ+ и ќе ти се смилува,+ и пак ќе те собере откај сите народи меѓу кои ќе те расее Јехова, твојот Бог.+
9 А кога потоа ќе ми се вратите+ и ќе почнете да ги држите моите заповеди+ и да постапувате според нив,+ дури и некои од вас да се расеани до крајот на небото, оттаму ќе ги соберам+ и ќе ги одведам+ на местото што го избрав за таму да престојува моето име‘.+
14 „Вратете се, синови одметници!“+ — вели Јехова. „Зашто јас сум вашиот маж*+ и јас ќе ве земам, по еден од град и по двајца од племе, и ќе ве доведам на Сион.+
14 А јас ќе ги вратам заробените од мојот народ Израел,+ и тие ќе ги изградат запустените градови и ќе ги населат,+ ќе насадат лозја и ќе го пијат нивното вино, ќе направат градини и ќе го јадат нивниот плод.‘+
4 „Ако некој од вас има сто овци и загуби една од нив, нема ли да ги остави оние деведесет и девет во пустината и да ја бара загубената додека не ја најде?+