26 И го зедоа јунецот што им го даде, го приготвија и го повикуваа името на Ваал од утро до пладне, велејќи: „Ваале, услиши нѐ!“ Но немаше ни глас+ ни одговор.+ А тие куцајќи играа околу жртвеникот што го направија.
38 Еден ден, додека се клањаше во храмот на Нисрок,+ својот бог,+ Адрамелех и Сарацер, негови синови, го убија со меч+ и избегаа во араратската земја.+ А Есар-Адон,+ неговиот син, почна да царува наместо него.
28 Каде се твоите богови што си ги направи за себе?+ Нека станат ако можат да те спасат во времето на твојата неволја!+ Зашто, Јудо, колку што имаш градови толку имаш и богови.+
5 Морнарите се исплашија и секој почна да го повикува на помош својот бог.+ И ги фрлаа во морето работите што беа на бродот за да го олеснат.+ А Јона беше слегол долу, под палубата на бродот, па легнал и цврсто заспал.+