39 А оние од вас што ќе останат, ќе гнијат+ во земјите на своите непријатели поради своите престапи. И поради престапите на своите татковци+ ќе изгнијат како и тие.
6 И реков:+ „О Боже мој! Се срамам+ и непријатно ми е+ да го подигнам лицето кон тебе, Боже мој! Зашто, нашите престапи+ се намножија до преку глава и нашата вина нарасна до небото.+
26 Но станаа непослушни+ и се побунија против тебе,+ му свртија грб на твојот закон+ и ги убиваа твоите пророци,+ кои ги опоменуваа за да ги вратат кај тебе,+ и со своите дела покажуваа голем презир.+
18 „Добро слушам како Ефрем се сожалува:+ ‚Ти ме укори за да се поправам,+ како теле што уште не е скротено.+ Врати ме кај себе, и јас ќе ти се вратам,+ зашто ти си Јехова, мојот Бог!+