23 Синовите на Амон и на Моав станаа против жителите на сеирските планини+ за да ги погубат* и да ги истребат. А кога завршија со нив, удрија едни на други и меѓусебно се испоубија.+
22 И ќе ги соборам престолите на царствата и ќе ги уништам силите на царствата на народите.+ Ќе ги превртам колите и оние што ги возат, ќе паднат коњите и нивните јавачи,+ секој од мечот на својот брат‘ “.+
13 И во тој ден, меѓу нив ќе се прошири збрка од Јехова,+ и секој ќе го фаќа за рака својот ближен, и раката на едниот ќе се крева против раката на неговиот ближен.