15 Еве, јас сум со тебе, и ќе те чувам по целиот пат по кој одиш и ќе те вратам во оваа земја,+ зашто нема да те оставам додека не го направам сето она што ти го реков“.+
29 И така наближи времето Израел да умре.+ Затоа го повика својот син Јосиф и му рече: „Ако сум нашол милост во твои очи, те молам, стави ја раката под моето бедро+ и покажи ми доброта* и верност!+ Те молам, немој да ме погребеш во Египет!+
13 Имено, неговите синови го однесоа во ханаанската земја и го погребаа во пештерата на нивата Макпела спроти Мамре, нивата што Авраам ја беше купил за гроб од Ефрон Хетеецот.+
8 Затоа слегов да ги избавам од египетската рака+ и да ги одведам од таа земја во добра и пространа земја, во земја во која тече мед и млеко,+ во крајот на Ханаанците, Хетејците, Аморејците, Ферезејците, Евејците и Евусејците.+