24 Немој да им се клањаш на нивните богови, немој да им служиш и не прави ништо слично на она што го прават тие,+ туку урни ги и разбиј ги нивните обредни столбови.+
3 Разурнете ги нивните жртвеници+ и искршете ги нивните обредни столбови,+ изгорете ги во оган нивните обредни диреци,+ испосечете ги режаните ликови+ на нивните богови и затрете им ги имињата во тоа место.+
25 Таа ноќ Јехова му рече: „Земи од татко ти уште еден јунец,* седумгодишен, и разурни го жртвеникот на Ваал+ што го има татко ти и исечи го обредниот дирек* што е покрај него.+
4 Тој ги отстрани обредните височинки,+ ги искрши обредните столбови,+ го исече обредниот дирек+ и ја скрши бакарната змија+ што ја беше направил Мојсеј,+ зашто сѐ дотогаш синовите на Израел за неа гореа приноси+ и ја викаа Нехуштан.*+