21 И Јехова му рече на Мојсеј: „Кога ќе отидеш и ќе се вратиш во Египет, погрижи се да ги направиш пред фараонот сите чуда што ги ставив во твојата рака!+ А јас ќе дозволам да му закорави срцето,+ па нема да го пушти народот да си оди.+
17 И јас, еве, ќе допуштам да им закорави срцето на Египќаните,+ па ќе тргнат по нив, а јас ќе се прославам над фараонот и над сета негова војска, над неговите бојни коли и над неговите коњаници.+
20 зашто Јехова дозволи да им отврднат срцата+ и да му објават војна на Израел, за да може да ги погуби и да нема милост кон нив,+ туку да ги истреби. Направија како што му заповеда Јехова на Мојсеј.+
13 Уште и се побуни+ против цар Навуходоносор, кој го беше заколнал во Бог.+ Остана непокорен*+ и срцето му отврдна,+ па не се врати кај Јехова, Богот на Израел.