15 Држи го Празникот на бесквасните лебови.+ Седум дена јади бесквасен леб,+ како што ти заповедав, во одреденото време во месецот авив,+ зашто ти тогаш излезе од Египет. Никој да не доаѓа пред мене со празни раце.+
3 Ништо со квасец немој да јадеш со неа.+ Седум дена јади бесквасен леб, страдалнички леб, бидејќи набрзина излеговте од египетската земја,+ за да се сеќавате во сите денови од својот живот на денот кога излеговте од египетската земја.+