9 Потоа рече: „Јехова, ако сум нашол милост во твои очи, те молам, о Јехова, појди со нас,+ зашто народот е непокорен.*+ Прости ни ги престапите и гревовите+ и земи нѐ за своја сопственост!“+
17 Во тој ден ќе пламнам од гнев против нив,+ и ќе ги оставам+ и ќе го свртам своето лице+ од нив за да бидат проголтани. Врз нив ќе дојдат многу зла и неволји,+ и во тој ден ќе речат: ‚Зар не нѐ снајдоа овие неволји затоа што нашиот Бог не е меѓу нас?‘+