3 Ако неговиот принос за жртва паленица+ е од крупната стока, нека принесе машко без недостаток.+ На драго срце нека го доведе пред Јехова на влезот од шаторот на средбата.+
10 А другото ќе го принесе како жртва паленица според прописот.+ И свештеникот нека изврши за него обред на очистување+ за гревот што го направил, и ќе му биде простено.+
9 „Заповедај им на Арон и на неговите синови и речи им: ‚Ова е законот за жртва паленица:+ жртвата паленица нека биде на огништето на жртвеникот цела ноќ до утрото, а огнот на жртвеникот нека гори постојано.