34 Јехова уште му рече на Мојсеј: „Земи мириси:+ капки од стакта, потоа мирисливи школки, мирислив халван и чист темјан.+ Сѐ нека биде во еднакви делови.
36 Дел од тоа столчи во прав и стави еден дел пред Сведоштвото во шаторот на средбата,+ од каде што ќе се среќавам со тебе.+ Тоа нека ви биде нешто најсвето.
4 А тој се загледа во него, па уплашено го праша: „Што е, Господару?“ Тој му одговори: „Твоите молитви+ и милосрдни дела се вознесоа кај Бог и тој се сети на нив.+
8 Кога Јагнето го зеде свитокот, четирите суштества и дваесет и четирите старешини+ паднаа ничкум пред него. Секој имаше харфа,+ а имаа и златни садови полни со темјан,+ кој ги претставува молитвите+ на светите.
3 И дојде еден друг ангел и застана кај жртвеникот+ со златна кадилница. И му беше дадено многу темјан+ за да го принесе на златниот жртвеник пред престолот додека се слушаа молитвите на сите свети.