15 Ако не го слушаш гласот на Јехова, својот Бог, и не постапуваш совесно според сите негови заповеди и одредби што ти ги давам денес, ќе дојдат врз тебе и ќе те стигнат сите овие проклетства:+
63 И како што Јехова ви се радуваше правејќи ви добро и умножувајќи ве,+ така Јехова ќе ви се радува сотирајќи ве и истребувајќи ве.+ И ќе бидете искорнати од земјата во која одите за да ја заземете.+
16 Но тие постојано им се подбиваа+ на гласниците на вистинскиот Бог, Јехова, ги презираа неговите зборови+ и ги исмејуваа+ неговите пророци, сѐ додека неговиот гнев+ не дојде врз неговиот народ, та веќе немаше лек.+
24 Ќе паднат од сечилото на мечот и ќе бидат одведени во заробеништво меѓу сите народи.+ И Ерусалим ќе биде газен од незнабошците додека не се исполнат одредените времиња+ на незнабошците.