31 Потоа Тара ги зеде својот син Аврам, својот внук Лот, синот на Харан,+ и својата снаа Сараја,+ жената на синот Аврам, и тргна со нив од Ур Халдејски да оди во ханаанската земја.+ По некое време стигнаа во Харан+ и таму се населија.
18 На тој ден Јехова склучи сојуз со Аврам,+ велејќи: „На твоето потомство ќе му ја дадам оваа земја,+ од реката Египет до големата река, реката Еуфрат:+
15 Ако не ви е по волја да му служите на Јехова, изберете си денес кому ќе му служите+ — дали на боговите на кои им служеа вашите прататковци од онаа страна на Реката*+ или на боговите на Аморејците во чија земја живеете.+ А јас и мојот дом ќе му служиме на Јехова!“+