14 А тие луѓе ѝ рекоа: „Нашите души ќе загинат наместо вас!+ Ако не кажете никому за овој наш договор, ние ќе ви покажеме милост и нема да ве изневериме+ кога Јехова ќе ни ја предаде земјата“.
17 Градот е удрен со проклетството на уништувањето,*+ тој и сѐ што е во него му припаѓаат на Јехова. Само блудницата Раав+ нека остане жива, таа и сите оние што се со неа во куќата, зашто ги скри извидувачите што ги испративме.+
22 А на оние двајца што ја извидуваа земјата, Исус Навин им рече: „Отидете во куќата на онаа блудница и изведете ги оттаму жената и сите нејзини, како што сте ѝ се заколнале!“+