29 А царот на Гај+ го обеси на столб до вечерта.+ А кога заоѓаше сонцето, по заповед од Исус Навин го симнаа од столбот неговиот труп+ и го фрлија пред градската порта, па на него нафрлаа голем куп камења, кои стојат до денес.
27 А кога заоѓаше сонцето, по заповед на Исус Навин, ги симнаа од столбовите,+ па ги фрлија во пештерата во која се беа скриле. Потоа на влезот од пештерата ставија големи камења, кои стојат таму до денес.
17 Потоа го зедоа Авесалом, го фрлија во една голема јама среде шумата и натрупаа врз него голема грамада камења.+ А целиот Израел се разбега, секој во својата куќа.