14Еве што добија Израеловите синови како наследство во ханаанската земја,+ кое им го дадоа во наследство свештеникот Елеазар, Исус, синот на Навин, и родовските поглавари на израелските племиња.+
15Делот што со ждрепка му припадна+ на племето на синовите на Јуда, по нивните семејства, се протегаше до едомската граница,+ по пустината Зин+ и до Негев+ на неговиот јужен крај.
16На синовите на Јосиф+ со ждрепка им припадна+ делот што се простира од Јордан+ кај Ерихон до ерихонските води од нивната источна страна, па преку пустината што се издигнува од Ерихон кон ветилските планини.+
17Со ждрепка му припадна дел+ и на племето на Манасија,+ зашто тој беше првородениот+ на Јосиф, односно му припадна на Махир,+ првородениот на Манасија, таткото на Галад,+ зашто тој беше воин.+ Нему му припаднаа Галад+ и Васан.