55 Ако не ги истерате од пред себе жителите на таа земја,+ тогаш оние што ќе ги оставите ќе ви бидат како боцки во очите и како трње во слабините, и ќе ве угнетуваат во земјата во која ќе живеете.+
21 А синовите на Венијамин не ги истераа Евусејците што живееја во Ерусалим.+ Затоа Евусејците живеат во Ерусалим со синовите на Венијамин до ден-денес.+
11 Кога беа близу до Евус, беше веќе скоро мрак,+ па слугата му рече на својот господар: „Ајде да навратиме во овој евусејски+ град и да ноќеваме во него“.
6 И царот со своите луѓе тргна против Ерусалим, против Евусејците,+ кои живееја во таа земја. А тие му порачаа на Давид: „Нема да влезеш ваму! Слепите и куците ќе те истераат!“+ Со тоа сакаа да кажат: „Давид нема да влезе ваму“.