15 А Исус Навин им одговори: „Штом сте многуброен народ, одете во шумата и таму расчистете си земја во крајот каде што живеат Ферезејците+ и Рефаимците,+ кога веќе ефремските планини+ ви се претесни“.
16 Синовите на Јосиф одговорија: „Планините не ни се доволни, а сите Ханаанци што живеат во долината имаат бојни коли+ со железни сечила, како оние што се во Вет-Син+ и во околните градови, и како оние што се во језраелската долина“.+