Судиите 19:30 Свето писмо — превод Нов свет 30 И сите што го видоа тоа рекоа: „Такво нешто никогаш не се случило, ниту се видело од денот кога синовите на Израел излегоа од египетската земја до денес. Размислете за тоа, посоветувајте се+ и кажете што сте одлучиле“. Изреки 11:14 Свето писмо — превод Нов свет 14 Кога нема мудро водство, народот пропаѓа,+ а спасот е во многу советници.+ Изреки 13:10 Свето писмо — превод Нов свет 10 Вообразеноста само предизвикува караници,+ а мудри се оние што меѓусебно се советуваат.+ Изреки 20:18 Свето писмо — превод Нов свет 18 Успешни замисли* настануваат со советување,+ затоа, води ја својата војна со мудро водство.+ Изреки 24:6 Свето писмо — превод Нов свет 6 Зашто, со мудро водство се води војна+ и спасот е во мноштвото советници.+
30 И сите што го видоа тоа рекоа: „Такво нешто никогаш не се случило, ниту се видело од денот кога синовите на Израел излегоа од египетската земја до денес. Размислете за тоа, посоветувајте се+ и кажете што сте одлучиле“.