7 А синовите на Јаков дојдоа од полето веднаш штом слушнаа што се случило. Тоа ги погоди и многу ги разлути,+ бидејќи Сихем беше постапил безумно и беше му нанел срам на Израел со тоа што легна со ќерката на Јаков,+ нешто што не смееше да се направи.+
23 Тогаш сопственикот на куќата излезе кај нив и им рече:+ „Не, браќа мои,+ не правете зло, ве молам, зашто тој човек влезе во мојава куќа. Не правете такво срамно и безумно дело.+
25 Но, луѓето не сакаа да го слушаат. Тогаш оној човек ја зеде својата наложница+ и им ја изведе. Тие ја силуваа+ и ја злоупотребуваа+ цела ноќ до утрото, а кога почна да осамнува, ја пуштија.