25 Ако се случи, кога ќе ти се родат синови и внуци и кога ќе живеете долго во онаа земја, да се расипете+ и да си направите режан лик+ во каков и да е облик и да го направите она што е зло во очите на Јехова, својот Бог,+ и така да го навредите,
26 знајте — за сведоци против вас ги земам денес небото и земјата+ — дека ќе исчезнете брзо од земјата во која одите преку Јордан за да ја заземете. Нема да живеете долго во неа, зашто ќе бидете истребени.+