11 И додека тие бегаа пред Израел низ веторонскиот рид, Јехова фрлаше врз нив крупен град+ од небото сѐ до Азика, така што изгинаа. И повеќе од нив изгинаа од градот отколку што Израеловите синови ги убија со меч.
15 И Јехова ги збрка+ Сисара, сите негови бојни коли и сета негова војска и ги погуби со сечилото на Вараковиот меч. А Сисара слезе од колата и побегна пеш.
10 И додека Самоил ја принесуваше жртвата паленица, Филистејците се приближија за да тргнат во бој против Израел. Но во тој ден Јехова згрме на Филистејците со силни грмотевици+ и ги збрка,+ и така Израел ги порази.+