8 И Маној сесрдно му се помоли на Јехова: „Прости, Јехова.+ Те молам, пак нека дојде кај нас Божјиот човек, кого си го испратил, и нека нѐ поучи+ што треба да правиме со детето што ќе се роди“.+
9 И вистинскиот Бог го послуша гласот на Маној.+ Ангелот на вистинскиот Бог пак дојде кај жената додека таа седеше во полето, а Маној, нејзиниот маж, не беше со неа.