10 Јеховиниот дух+ дојде врз него и тој стана судија во Израел. Кога излезе во битка, Јехова го предаде Хусан-Рисатаим, сирискиот цар, во негови раце, и неговата рака го совлада+ Хусан-Рисатаим.
14 Тогаш Девора му рече на Варак: „Стани, зашто ова е ден кога Јехова ќе го предаде Сисара во твои раце! Не оди ли пред тебе Јехова?“+ И Варак се спушти од планината Тавор со десет илјади луѓе што одеа по него.
8 Зарем немаа Етиопјаните+ и Либијците+ многу голема војска со многу бојни коли и коњаници?+ Зарем Јехова не ги предаде во твои раце затоа што се потпре на него?+
17 Во оваа борба нема да се борите вие.+ Само наредете се, стојте+ и гледајте како Јехова ќе ве спаси!+ Јудо и Ерусалиме, не бојте се и не плашете се!+ Утре излезете против нив и Јехова ќе биде со вас!‘ “+