12Тогаш се собраа луѓето од племето на Ефрем, отидоа на север и му рекоа на Јефтај: „Зошто отиде во борба против синовите на Амон, а нас не нѐ повика да одиме со тебе?+ Ќе ти ја изгориме и куќата и тебе!“+
41 И гледај, сите Израелци дојдоа кај царот и му рекоа: „Зошто+ нашите браќа, синовите на Јуда, те одведоа крадешкум? Зошто ги преведоа преку Јордан царот и неговиот дом и сите Давидови луѓе со него?“+
10 И Амазија ја одвои војската што му дојде од Ефрем и ги испрати војниците да се вратат во своите куќи. Но тие многу се разгневија на Јуда и се вратија во своите куќи пламтејќи од гнев.+