26 Не внесувај го во својата куќа она што е одвратно за да не бидеш уништен* заедно со него. Нека ти биде крајно одвратно и сосема гадно,+ зашто тоа е нешто што треба да се уништи.*+
14 па мојот народ,+ кој го носи моето име,+ се понизи+ и се помоли+ и го побара моето лице,+ и се врати од своите зли патишта,+ тогаш јас ќе чујам од небото+ и ќе им го простам гревот,+ и ќе ја излечам нивната земја.+
8 Кога ги чу тие зборови и пророштвото на пророкот Одед,+ Аса се охрабри и ги отстрани гнасните богови*+ од целата земја на Јуда и на Венијамин и од градовите што ги освои во ефремските планини.+ И го обнови Јеховиниот жртвеник, кој беше пред Јеховиното предворје.+
15 Ги отстрани туѓите богови+ и идолскиот лик+ од Јеховиниот дом, како и сите жртвеници+ што ги изгради на гората на Јеховиниот дом и во Ерусалим, и ги фрли надвор од градот.