13 Му се молеше, и тој ја чу неговата молитва+ и ја услиши неговата молба со која молеше за милост, па го врати во Ерусалим и му ја врати царската власт.+ И Манасија созна дека Јехова е вистинскиот Бог.+
9 Во сите нивни неволји тој чувствуваше болка.+ Неговиот гласник ги спаси.+ Во својата љубов и во својата сомилост ги откупи,+ ги подигаше и ги носеше во сите дамнешни дни.+
20 „Зар Ефрем не ми е мил син или сакано дете?+ Зашто, колку и да зборувам против него, пак ќе се сетам на него.+ Затоа мојата утроба се вознемири поради него.+ Навистина ќе му се смилувам“,+ вели Јехова.