9 И додека во нејзината соба седеа луѓе во заседа,+ таа му рече: „Самсоне, еве ги Филистејците+ против тебе!“ А тој ги искина жилите, како што се кине конец од колчишта кога ќе го зафати оган.+ И не се дозна во што се крие неговата сила.+
12 И Делила зеде нови јажиња, го врза со нив и му рече: „Самсоне, еве ги Филистејците против тебе!“ А во нејзината соба седеа луѓе во заседа.+ Но, тој ги скина јажињата од рацете како да се конци.+