11 Земи го, те молам, овој дар со кој те благословувам,+ зашто Бог ми покажа милост и имам сѐ!“+ И упорно го наговараше, така што Исав го прифати дарот.+
18 Тогаш Авигеја+ брзо зеде двесте леба, два големи ќупа со вино,+ пет приготвени овци,+ пет сеи* пржени зрна,+ сто пити суво грозје+ и двесте пити смокви,+ па сето тоа го натовари на магариња.
26 Кога дојде во Сиклаг, Давид им испрати дел од пленот на старешините на Јуда, негови пријатели,+ и им порача: „Еве ви како благослов дар+ од пленот од Јеховините непријатели!“
15 Потоа се врати кај Божјиот човек+ со целата своја придружба и, откако дојде таму, застана пред него и му рече: „Еве, сега знам дека нема Бог никаде на земјата, освен во Израел.+ Те молам, прими го овој дар како благослов+ од својот слуга“.