31 Не обраќајте им се на оние што повикуваат духови+ и не прашувајте ги за совет оние што претскажуваат настани,+ за да не станете нечисти поради нив. Јас сум Јехова, вашиот Бог.
6 Ако некоја душа им се обрати на оние што повикуваат духови+ или на претскажувачи на настани,+ постапувајќи со тоа неверно кон мене,* ќе се свртам против таа душа и ќе ја погубам, и така ќе ја отстранам од нејзиниот народ.+
23 Зашто, бунтовноста+ е грев еднаков на гатање+ и самоволието е еднакво на вражање и на идолопоклонство.*+ Поради тоа што ја отфрли речта на Јехова,+ и тој те отфрли тебе за да не бидеш повеќе цар“.+
3 Во тоа време Самоил веќе беше мртов и целиот Израел го оплака и го погреба во неговиот град Рама.+ А Саул ги истреби од земјата оние што повикуваа духови и претскажуваа настани.+
19 Ако ви речат: „Обратете им се на оние што повикуваат духови+ или гатаат, кои шепотат+ и мрморат“* — не треба ли народот да му се обраќа на својот Бог?+ Зарем ќе им се обраќаат на мртвите во корист на живите?+