11 Давид не оставаше жив ни маж ни жена, за да не мора да ги доведе во Гат, зашто мислеше: „Би можеле да нѐ издадат, велејќи: ‚Давид правеше така‘ “.+ И тоа го правеше за сето време додека живееше во филистејската земја.
3 И филистејските кнезови прашаа: „Што прават тука тие Евреи?“+ Тогаш Ахис им одговори на филистејските кнезови: „Па ова е Давид, слугата на израелскиот цар Саул, кој е со мене веќе година-две!+ Не најдов+ ништо лошо во него од оној ден кога пребега кај мене до денес“.