1. Самоилова 30:18 Свето писмо — превод Нов свет 18 Така Давид ги избави сите оние што Амаличаните ги беа грабнале.+ А Давид ги избави и двете свои жени. Псалми 34:19 Свето писмо — превод Нов свет 19 Многу неволји има праведникот,+но Јехова го избавува од сите нив.+ Изреки 11:8 Свето писмо — превод Нов свет 8 Праведникот е избавен од неволја,+ а злиот запаѓа во неа наместо него.+ Изреки 24:16 Свето писмо — превод Нов свет 16 Зашто, ако праведникот падне и седум пати, пак ќе стане,+ а злиот ќе пропадне во неволјата.+
18 Така Давид ги избави сите оние што Амаличаните ги беа грабнале.+ А Давид ги избави и двете свои жени.