12 И ќе поминам низ египетската земја во таа ноќ+ и ќе ги убијам сите првородени во египетската земја, од човек до животно.+ И ќе им пресудам на сите египетски богови.+ Јас сум Јехова.+
19Објава против Египет:+ Гледај, Јехова седи на брз облак+ и доаѓа во Египет. Ќе треперат пред него безвредните египетски богови+ и срцето на Египќаните ќе се растопи во нив.+
11 Јас, Јехова, ќе ги исполнам со страв,+ зашто сите земни богови ќе ги направам немоќни,+ и мене ќе ми се поклонуваат луѓето,+ секој од своето место, сите острови* на народите.+