19 Не извртувај ја правдата.+ Не биди пристрасен+ и не примај мито, зашто митото им ги заслепува очите на мудрите+ и ги извртува зборовите на праведните.
23 Твоите кнезови се тврдоглави и другаруваат со крадци.+ Секој сака мито+ и трча по дарови.+ На детето без татко не му даваат правда, парницата на вдовицата не ја прифаќаат.+
15 Оној што секогаш постапува* праведно+ и го зборува она што е право,+ одбива неправедна добивка добиена со измама,+ ги истресува рацете да не примат мито,+ ги затвора ушите за да не слуша за крвопролевање, ги затвора очите за да не гледа зло,+
11 Неговите главатари судат за мито,+ неговите свештеници поучуваат за плата+ и неговите пророци гатаат за пари,+ а се повикуваат на Јехова, велејќи: „Нели Јехова е меѓу нас?+ Нема да нѐ снајде несреќа“.+