10 Подрачјето на југ му припаѓаше на Ефрем, а подрачјето на север на Манасија, и морето му беше граница.+ На север Манасија граничеше со Асер, а на исток со Исахар.
16 Синовите на Јосиф одговорија: „Планините не ни се доволни, а сите Ханаанци што живеат во долината имаат бојни коли+ со железни сечила, како оние што се во Вет-Син+ и во околните градови, и како оние што се во језраелската долина“.+