10 Јеховиниот дух+ дојде врз него и тој стана судија во Израел. Кога излезе во битка, Јехова го предаде Хусан-Рисатаим, сирискиот цар, во негови раце, и неговата рака го совлада+ Хусан-Рисатаим.
29 Тогаш Јеховиниот дух слезе на Јефтај+ и тој помина низ Галад и низ подрачјето на Манасија, помина и низ Миспе во Галад,+ а од Миспе во Галад дојде до синовите на Амон.
6 Тогаш Јеховиниот дух слезе врз него+ и тој со голи раце го растргна лавот како да растргнува јаре. Но, не им кажа на татка си и на мајка си што направи.
10 Кога оттаму отидоа на ридот, ете, во пресрет му дојдоа група пророци. И Божјиот дух веднаш слезе врз него,+ па среде нив почна да зборува во пророчки занес.+
13 Тогаш Самоил го зеде рогот со масло+ и го помаза среде неговите браќа. И Јеховиниот дух дојде на Давид и од тој ден остана на него.+ Потоа Самоил стана и отиде во Рама.+