4 Ако некој* непромислено се заколне+ со своите усни дека ќе направи зло+ или добро — во врска со што и да е во кое човек би можел непромислено да се заколне+ — дури и да не бил свесен за последиците, кога ќе стане свесен за нив, виновен е.
2 Ако некој човек му се заветува+ на Јехова или со заклетва+ ја обврзе својата душа со завет за воздржување,+ не смее да го прекрши својот збор.+ Нека направи сѐ што ќе излезе од неговата уста.+
6 Не дозволувај твојата уста да те наведе на грев, и не вели пред ангелот* дека тоа што си го ветил било грешка. Зошто да го разгневиш вистинскиот Бог со своите зборови, па да го уништи она што си го постигнал со своите раце?