27 Давид со своите луѓе се подготви, па отиде и им уби+ на Филистејците двесте луѓе. И Давид ги донесе нивните обрешки+ и сите му ги предаде на царот, за да стане царски зет. Тогаш Саул му ја даде за жена својата ќерка Михала.+
13 А тој му одговори: „Добро, ќе склучам сојуз со тебе. Само едно барам од тебе: не доаѓај пред мене ако не ја доведеш со себе Михала,+ ќерката на Саул, кога ќе дојдеш да го видиш моето лице!“+
20 Кога Давид се врати за да го благослови својот дом,+ Сауловата ќерка Михала+ му излезе во пресрет на Давид и му рече: „Колку се прослави денес Израеловиот цар+ кога се откри пред робинките на своите слуги како што се откриваат безумни луѓе!“+