29 И Мојсеј му рече на Овав, синот на Мадијамецот Рагуил,+ тестот на Мојсеј: „Се упативме во крај за кој Јехова рече: ‚Вам ќе ви го дадам‘.+ Појди со нас и ќе ти направиме добро,+ зашто Јехова му вети добро на Израел“.+
16 А синовите на Кенеецот,+ тестот на Мојсеј,+ заминаа од градот на палмите+ заедно со синовите на Јуда и отидоа во Јудејската Пустина, која е јужно од Арад.+ Дојдоа и се населија кај тој народ.+
11 А Кенеецот Хевер+ се одвои од Кенејците,+ кои му беа синови на Овав, тестот на Мојсеј,+ и го распна својот шатор во близина на големото стебло во Сананим, кај Кедес.