3 Ќе ги благословам оние што тебе те благословуваат, а ќе го проколнам оној што тебе те проколнува,+ и преку тебе ќе се благословат сите народи на земјата“.+
12 Тогаш Мојсеевиот тест Јотор донесе жртва паленица и други жртви за да му бидат принесени на Бог.+ И дојдоа Арон и сите старешини од Израел да јадат со тестот на Мојсеј пред вистинскиот Бог.+
29 И Мојсеј му рече на Овав, синот на Мадијамецот Рагуил,+ тестот на Мојсеј: „Се упативме во крај за кој Јехова рече: ‚Вам ќе ви го дадам‘.+ Појди со нас и ќе ти направиме добро,+ зашто Јехова му вети добро на Израел“.+
10 Зашто, Бог не е неправеден, па да го заборави вашето дело и љубовта што ја покажавте кон неговото име,+ така што им служевте на светите+ и продолжувате да им служите.