14 Колата дојде на нивата на Исус од Вет-Семес и запре. А таму имаше еден голем камен. Тогаш ги исцепија дрвата од колата, а кравите+ му ги принесоа на Јехова како жртва паленица.+
21 Тој се врати откај него, па зеде еден јарем бикови и ги жртвуваше,+ а на дрвата од плуговите и од јаремите,+ во кои беа впрегнати биковите, го свари нивното месо и му го даде на народот да јаде. Потоа стана и отиде по Илија, па му стана слуга.+
23 Тогаш Орнан му рече на Давид: „Земи го!+ Мојот господар, царот, нека го направи она што е добро во негови очи! Еве, ти ги давам и говедата+ за жртви паленици, справата за вршидба+ да ти биде за дрва+ и пченицата да ти биде за житна жртва. Сето тоа ти го давам како дар“.+