14 А сега твоето царство нема да се одржи.+ Јехова ќе си најде човек според своето срце.+ Јехова ќе го постави за водач+ на својот народ, зашто ти не го држеше она што ти го заповеда Јехова“.+
16Еден ден Јехова му рече на Самоил: „До кога ќе тагуваш за Саул,+ кога јас го отфрлив за да не царува повеќе над Израел?+ Наполни го со масло+ својот рог и тргни на пат! Те праќам кај Јесеј+ од Витлеем, зашто меѓу неговите синови си избрав цар“.+
13 Тогаш Самоил го зеде рогот со масло+ и го помаза среде неговите браќа. И Јеховиниот дух дојде на Давид и од тој ден остана на него.+ Потоа Самоил стана и отиде во Рама.+
22 И откако го отстрани него,+ за цар им го подигна Давид,+ за кого посведочи: ‚Го најдов Давид, Јесеевиот син,+ човек по моето срце,+ кој ќе направи сѐ што сакам‘.+