21 Нека доаѓа пред свештеникот Елеазар за тој да ја бара+ за него пред Јехова одлуката со посредство на Урим.*+ Неговата заповед ќе ја слушаат во сѐ, тој и сите синови на Израел со него, целата заедница“.
2 И Давид го праша Јехова за совет:+ „Дали да одам и да ги нападнам тие Филистејци?“ А Јехова му одговори на Давид: „Оди, нападни ги Филистејците и избави ја Кеила!“
2Потоа Давид го праша Јехова за совет:+ „Дали да појдам во некои од градовите на Јуда?“ А Јехова му одговори: „Појди!“ Давид потоа продолжи: „Каде да појдам?“ А тој му рече: „Во Хеврон“.+
10 И Давид го праша Бог за совет:+ „Дали да ги нападнам Филистејците? Ќе ги предадеш ли во мои раце?“ А Јехова му одговори: „Оди и ќе ги предадам во твои раце!“