5 Затоа, еве, имам намера да му изградам дом на името на Јехова, мојот Бог,+ како што Јехова му вети на Давид, мојот татко: ‚Твојот син, кого ќе го поставам наместо тебе на твојот престол, тој ќе му изгради дом на моето име‘.+
12 „Ако живееш* според моите одредби,+ ако ги извршуваш моите закони+ и ако се држиш за сите мои заповеди и живееш според нив,+ тогаш и јас ќе ги исполнам на тебе ветувањата што му ги дадов на Давид, твојот татко,+ а особено ветувањето за овој дом што го градиш.
13 Тој ќе го изгради Јеховиниот храм и него честа ќе го краси.+ Ќе седи и ќе владее на својот престол и ќе биде свештеник на својот престол,+ и меѓу тие две служби ќе владее согласност.+
6 а Христос беше верен како Син+ поставен над неговата куќа. Ние сме неговата куќа,+ ако до крај ги зачуваме својата слобода на говорот и гордоста поради надежта што ја имаме.+
5 и вие како живи камења се вградувате во духовен храм+ за да бидете свето свештенство, за да принесувате духовни жртви+ прифатливи за Бог преку Исус Христос.+