5 Немој да им се клањаш, ниту да им служиш,+ зашто јас сум Јехова, твојот Бог, Бог кој бара да му се покажува оддаденост само нему.*+ Поради престапите на татковците ги казнувам синовите, до третото и до четвртото поколение на оние што ме мразат,+
15 Ако не ви е по волја да му служите на Јехова, изберете си денес кому ќе му служите+ — дали на боговите на кои им служеа вашите прататковци од онаа страна на Реката*+ или на боговите на Аморејците во чија земја живеете.+ А јас и мојот дом ќе му служиме на Јехова!“+
3 И Самоил му рече на целиот Израелов дом: „Ако му се враќате на Јехова со сето свое срце,+ отстранете ги од својата средина туѓите богови+ и Астартите,+ па решително насочете го своето срце кон Јехова и служете му само нему!+ И тој ќе ве избави од филистејската рака“.+