20 Но пророкот што ќе се осмели да зборува во мое име за нешто за кое не сум му заповедал да зборува+ или да зборува во името на други богови,+ таквиот пророк да биде погубен.+
16 Вака вели Јехова над војските: „Не слушајте ги зборовите на пророците што ви пророкуваат!+ Тие ве наведуваат на суетност.+ Ви кажуваат виденија од своето срце,+ а не од устата на Јехова.+
17 Постојано им зборуваат на оние што ме презираат: ‚Јехова рече: „Ќе имате мир“ ‘.+ И на секој што се поведува по своето тврдокорно срце*+ му велат: ‚Нема да ве снајде никаква неволја‘.+
6 „Нивните виденија се невистинити и нивното гатање е лажно.+ Тие велат: ‚Ова е Јеховината реч‘, а Јехова не ги испратил. И уште очекуваат да се исполни речта.+